Српскиот претседател Александар Вучиќ денес е примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, потврдија од Претседателството за Танјуг.
Тој беше пречекан во Военомедицинската академија од министерот за здравство Златибор Лончар и д-р Драган Динчиќ.
Вучиќ ненадејно се разболе за време на посетата на САД, по што побара лекарска помош и, откако беше прегледан, одлучи да се врати во Србија, што го спречи да се појави на главните настани за кои дојде во Америка.