YouTube го исклучи каналот на најпопуларниот балкански Јутубер Бака Прасе

Утрово е исклучен Јутјуб-каналот на еден од најпопуларните јутјубери на Балканот, Бака Прасе.

Се вчитува...

Неговиот канал броеше преку 2 милиони следбеници, а засега не е познат поводот за негово исклучување.

Тој на својот Инстаграм профил објави неколку приказни (story) дека добил 3 Strike на видеа од пред 4-5 години кога гостувал на телевизија кај Жељко Митровиќ.

Инаку, во изминатиот период на големо се полемизираше за содржината која Бака Прасе ја пласира на својот канал, а во која има омраза кон девојките и луѓето генерално…

Истражните органи водат повеќе предмети против Бака Прасе, помеѓу кои се терети и за затајување данок и повеќе измами на интернет.