Од првиот национален саем за храна и пијалоци премиерот Димитар Ковачевски дома си замина со жолта ракија. Праша колку пари е, и од џебот извади пари, им даде 1000 по што доби и кусур.
Тој рече дека за нивната ракија дознал уште во Белград за време на саемот на Отворен Балкан и тогаш сите му ја фалеле дека е многу добра.
Ракијата која премиерот ја купи е 350 денари.
Инаку денеска се одржа Првиот национален саем за храна и пијалаци – „Вкуси ја традицијата“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и „Слоу Фуд“ Македонија.
За прв пат се организира Саем од ваков обем со учество на 40 здруженија и над 200 изложувачи на вкусна храна и пијалаци.