Во периодот јануари – септември годинава албанската граничната полиција успешно се справи со зголемениот прилив на нелегални имигранти кои се обидоа да транзитираат низ територијата на Албанија кон земјите членки на ЕУ.
Оценката ја соопшти директорот на Управата за граница и миграција, Едуарт Меркај на прес конференцја,на која пезентираше резултати од работата на граничната полиција.
Посочи дека во рамки на спроведувањето на стратегијата за интегрирано управување на гранцата „Отворени но сигурни граници“ засилени се мерките за спречување на меѓугранчниот криминал и за менаџирање на движењето на луѓе и стока.
-Открени се 376 лица барани со потерница,идентифкувани се 285 случаи на користење фалсификувани документи или 33 отсто повеќе споредено со истиот период лани а одземени се 398 фалсификувани документи што е за 30 отсто повеќе во однос на споредбениот период. Поради илегално преминување на зелената граница кривични пријави поднесени се против 819 албански граѓани, а регистрирани се 29 случаи за пружање помош при нелегално минување на границата, рече Меркај.
Тој, покрај другото се задржа и на проблемот со злоупотребата на либерализацијата со земијте од шенген зоната.
Меркај рече дека како резултат на превземените мерки, во перодот јануари-септември, на сите гранични премини привремено не им е дозволено патување во шенген зоната на 10.684 албански граѓани што е за 30 отсто помалку споредено со истиот период лани од кои 735 се малолетнци, кои не ги сполнувале критериумите за патување надвор од земјата.
