Ова беше изјавата на претседателот Стево Пендаровски на вчерашниот Форум на млади лидери во Нови Сад. Џабир Дерала од центарот за слобода, ЦИВИЛ вели дека изјавата е фантастична и искрена. Според него, проблемот е што платите не се ниту 400 евра, туку пониски.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјавата ја нарекоа скандалозна додавајќи дека додека Заев зборува за економски раст, Пендаровски повикува на масовно иселување.
А лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов смета дека ваквата изјава на Пендаровски е со цел да привлече влијание дека нешто итно мора да се преземе во врска со иселувањето на младите.
Инаку според податоците на Фондацијата за демократија Естминстерн, годишно Северна Македонија ја напуштаа од 9000 – 9.500 граѓани кои се селат во економски поразвиени земји. Иселувањето на млад образуван човек државата ја чини над 40 илјади евра. Студијата покажува дека главна причина за иселувањето на младите е економскиот фактор, животниот стандард, животната средина и условите за работа.