За овие панталони полудеа жените – во нив сите изгледаат пет килограми послабо

Панталони и фармерки во светли бои беа многу популарни во изминатите неколку месеци, а сега на сцена стапува малку поинаков тренд. Во текот на есента, фокусот ќе биде на панталони со висок струк, кои делумно потсетуваат на машки крој, во посветли нијанси.

Во овој модел, секоја жена изгледа послаба, токму поради опуштениот крој. А тоа е и причината зошто сите трендсетерки полудеа по нив.

Покрај тоа што стојат одлично, тие можат да се комбинираат на безброј начини и да се носат во најразлични прилики. Во зависност од тоа дали ќе ги комбинирате со патики или сандали или чевли со потпетици, тие можат да бидат дел од кежуал, но и празничен стајлинг.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното