
Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски, во интервју за „Република“ зборуваше за владиниот авион.
Тој кажа дека досега на поправки се потрошени над три милиони евра.
„Владиниот авион го затекнавме таков каков што е. Тој е стар 20 години. Досега се потрошени над три милиони евра за сервисирање. Дефектите се многу чести и ако јас се прашувам, ако претендираме да бидеме сериозна држава ни треба државен авион кој ќе го користат сите министри, претседател на Собрание, на претседател на државата. Сега авионот е во возна состојба, променет е инструменот за мерење на издувни гасови.“, изјави Томовски.
Тој кажа дека на Владата и треба авион со поголем капацитет.
„Овој авион е премал, има само шест седишта и не ги задоволува потребите за државата бидејќи кога се оди на некое патување се оди со цела делегација. Потребен ни е авион со 14 и повеќе седишта.Сѐ уште немаме проценка колку би чинел бидејќи за тоа е потребен консензус меѓу власта и опозицијата бидејќи тој ќе биде за државните потреби“, рече Томовски.