За протестот на родителите во Кочани МТВ извести 10 минути пред крајот на централниот Дневник

Кога централниот дневник на Македонската радио телевизија – медиум финансиран со парите на сите граѓани – одлучува вести за Велигденските обичаи да ги стави на врвот на информативниот блок, додека протестот на родителите чии деца загинаа во пожарот во Кочани се појавува дури во 19-та минута, тогаш тоа не е само прашање на уредничка проценка. Тоа е промашување на мисијата и одговорноста на јавниот сервис.

Прилогот за протестот траеше нецела минута и половина. Родители зборуваа низ солзи за болката што никогаш нема да помине. Тие не бараа внимание – бараа одговорност. А јавниот сервис избра да го минимизира нивниот глас.

Наместо да биде гласот на граѓаните, МРТ стана глас на навиката. Со повторување на познати празнични содржини, наместо да се фокусира на настанот што го потресе целото општество, МРТ испрати порака – дека страдањето на родителите е помалку важно од традицијата.

Во време кога довербата во институциите е на ниско ниво, јавниот сервис треба да биде тој што ќе го врати фокусот на она што е суштинско. А деновиве, нема повисок јавен интерес од целосното расчистување на трагедијата во Кочани.

Реакции на граѓани на друштвените мрежи