Циметот е здрава и корисна намирница, која чини малку пари, а навистина прави чуда.
Ги лекува габичните инфекции, помага и за кандида.
Ги ублажува симптомите на труење, помага и при иритација на желудникот и цревата.
Го намалува и холестеролот, а помага и за забите и нивното здравје.
Помага и при настинка и грип и за имунитет.
Ги ублажува и симптомите на ПМС кај жените.
Циметот е одличен но исто така постои и уште еден прекрасен зачин кој прави чува.
Нутриционистите откриле дека овој зачин помага при согорување на масните наслаги, а многу жени не можат да поверуваат колку брзо и лесно го изгубиле вишокот килограми.
Мускатното оревче го користиме за припрема на разни сосови, салати, чорби и слатки, а малкумина знаат колку овој зачин помага при диетата. Мускатното оревче е богато со влакна, а со тоа го намалува апетитот.
Исто така, експертите истакнуваат дека тоа е одлично за намалување на лошиот холестерол. Содржи и манган кој е делотворен во топењето на масните наслаги, а единствен недостаток на овој зачин се заситените масти, па затоа не треба да се консумира во големи количини.
Мускатното оревче може да го користите во диетата како додаток во овошните салати, а можете да го консумирате и во текот на појадокот со овесна каша, пецива или јајца.



