Денеска, во населбата Хром, само неколку метри од детско игралиште, жителите забележале змија.
Настанот предизвика загриженост и револт кај локалните жители, кои бараат брза реакција од општинските служби.
Како што велат, змијата е забележана во близина на место каде што играат деца.
„Денес во Хром, покрај детско игралиште, е забележана змија буквално неколку метри од местото каде што си играат децата! Каде се општинските служби?! Дали мора да се случи ТРАГЕДИЈА за некој да преземе одговорност?! Бараме итна интервенција, чистење на зеленилото и заштита на децата! Нема ништо поважно од безбедноста на најмладите!“, се вели во апелот.