Забрана за полнење гориво на аеродромот во Белград: Важни информации за патниците и можни компликации на летот

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград денеска забрани полнење гориво поради неповолните временски услови. Ер Србија излезе со соопштение во врска со забраната која стапи на сила денеска во 16 часот и 17 минути.

„Надлежните служби на националниот авиопревозник прават се што е во нивна моќ за одржување на редовен сообраќај, во согласност со планираниот распоред на летови, и да се грижат за сите патници чии летови може да доцнат или откажат. Сите патници кои ќе ги пропуштат своите врски ќе бидат пренасочени на други соодветни летови“, се вели во соопштението.

Летовите може да бидат одложени или евентуално откажани. Во тој случај сите патници ќе бидат пренасочени на други летови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното