Вистинското лице на Анастасија Ражнатовиќ – еве како изгледа без шминка

Анастасија Ражнатовиќ неодамна ги изненади сите кога на својот Инстаграм сподели стари слики со Александра Пријовиќ, и на тој начин и го честиташе роденденот, а сега на своите следбеници им покажа како изгледа надвор од сцената.

Пејачката е позната како некој кој не се срами да покаже како изгледа без шминка, фризура и скапа облека, а новото секојдневно издание предизвика лавина позитивни реакции на нејзиниот Инстаграм.

Анастасија сподели видео од автомобилот во кое пее додека носи широк дуксер и го покажува своето „вистинско лице“.

И овој пат таа доби голем број комплименти на сметка на нејзиниот изглед, но и на негуваното лице.