Учесниците на „Задруга 5“, Филип Цар, Никола Грујиќ, Александра Суботиќ, Далила и Дејан Драгојевиќ, се жалеа изминатите неколку дена дека се чувствуваат лошо, по што им беше укажана лекарска помош, а сега се разболе и Фран Пујас.
Фран им рече на своите цимери дека мисли дека има треска и дека не се чувствува добро, како и дека има болки по целото тело.
„Добив бруфен, постојано ми е ладно, имам треска, се колнам. Пиев витамини што ми ги даде Цар и лек за намалување на температурата. Не можам да јадам ништо. Немам вкус или мирис. Запалив цигара и не чувствувам ништо“, рече Фран.
-Да не е корона?, го прашаа членовите на задругата.
„Немам идеа. Не верувам, навистина. Цар беше ист. Погледнете како се наежив. Не сакаа да ми ја измерат температурата. Спиев синоќа за време на „Игра на вистината“. Почувствував дека телото ми е тешко. И не сум гладен, ова е хорор“, додаде Фран.