Заев: ЕУ бара прво да се осмисли ветингот па да се спроведе

За спроведување на ветингот во судството ЕУ бара прво да се најдат начините тоа да се осмисли, па да се спроведе, гледајќи го искуството на Албанија каде беа испразнети повеќе од 200 места кои не можеа потоа да се поплнат, изјави премиерот Зоран Зоран.

На прашањето дали ЕУ се противела на ветингот во судството, тој појасни дека аргументите на Брисел биле дека треба да се оди на индивидуална одговорност, и дека нема капацитет – ресурсен центар кој при евентуален ветинг би ги надополнил испразнентите места.

-Но, сега веќе Академијата продуца 60 кандидати, веднаш на почетокот на 2020 ќе продолжат со нови 60 кандидати. Преговараме со ЕУ и сакаме да постигнеме т.н. „брза лента“ која ќе ни даде можност сите правници со над пет години работно искуство, алидирајќи пред се на стручните соработници во обвинителствата и во судовите, адвокати но и други правници кои имаат веќе практично искуство да можат три до четири месеци да одат на тестирање, да го полагаат испитот и да можат да бидат идни јавни обвинители и судии. Секако, како земја кандидат за членство и тоа допрва ќе го преговараме со ЕУ. Нашите аргументи се – ние сме мала земја, ако не ги искористиме капацитетите кои веќе имаат практично искуство тогаш не би можеле да ги користиме сите можности кои ни стојат како држава. Верувам дека ќе се разгледаат сите варијанти, она што значи поголема продукација на идни кадри за јавни обвинители и за судии, но и ваквите брзи ленти ќе овозможат еден процес, кој како изразена политичка волја на општетсвото можеме да го надополниме, рече Заев по денешната посетата на „Римес“.

При тоа премиерот нагласи дека во процесот на ветинг не може да учествуваат политичарите.

-Ваквиот процес мора да ги извади политичарите надвор од ваквите комисии за спроведување на ветинг, тоа мора да бидат стручни експерти, препорачувам и меѓународни кои ќе влезат внатре за да се спроведат процесите. Следува за нашата земја сериозен месечен, па и повеќегодишен процес на севкупна трансформација на општетството, тоа е преговарачкиит процес. Верувам низ тие процеси ќе ги пронајдеме и најдобрите решенија и во правосудството, рече премиерот Зоран Заев.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното