Заев: Русија е против проширувањето на НАТО, но не ја води специјалната војна против Македонија

Русија не ја води специјалната војна против Македонија и покрај тоа што има јасен став дека против проширувањето на НАТО. Премиерот Заев вели дека Македонија и Русија негуваат соработка  и покрај различните стратегии, изјави Заев. Тој за измамата на руските хакери Заев вели дека нема поврзаност со руската администрација. 

За потсетување, По вчерашната прес конференција на Зоран Заев изјави дека Владата и нејзиниот протокол немаат намера да поднесат одговорност за телефонските разговори со руските комичари кои лажно се претставувале како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

„Немам намера да поднесам оставка, од овој процес ќе излеземе посилни“ – oва на вонредна прес-конференција го изјави премиерот Зоран Заев.

Според него, ова не е прашање за кое треба да се поднесе оставка, туку да се извлече поука. Најави дека Владата набрзо ќе излезе со план за акција против ширење на дезинформации и зајакнување на протоколите за безбедна комуникација.

Александар Спасовски 

 

Извор: Сител телевизија