Загина маж во кавадаречко: Изгубил контрола над тракторот, паднал и бил прегазен

СВР Велес информираат дека има загинат тракторист во кавадаречкото подрачје.

Според нив, утрово во 9 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д., на возраст од 53 години од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот.

Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт.

„Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција“, велат од СВР – Велес.