Загина пешак во тетовско

На 08.09.2020 во 20,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с.Теново, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од с.Милетино удрило во Г.М.(61) од с.Радиовце. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите. Извршен бил увид  на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

Се вчитува...

.

Извор: ТВ21