Свет

Загина пилотот на украинскиот борбен авион МиГ-29

Загина пилотот на украинскиот борбен авион МиГ-29

Украинските воздухопловни сили објавија дека пилотот на борбениот авион МиГ-29 Сергеј Бондар загинал синоќа, објавија украинските медиуми.

„Во ноќта на 23 август 2025 година, по извршувањето на борбена мисија и за време на пристапот за слетување, загинал пилотот на украинскиот борбен авион МиГ-29, мајор Сергеј Викторович Бондар, роден 1979 година“, според соопштението на украинските воздухопловни сили, пренесува агенцијата Униан.

Во соопштението се наведува дека е започната истрага за утврдување на причината и околностите на оваа несреќа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни