Загинатиот Македонец Васко Саздовски имал 45 години, работел како научник во институтот „Биосенс“, бил од Свети Николе

Македонецот Васко Саздовски (45) од Свети Николе е меѓу загинатите во трагедијата во Нови Сад која се случи вчера, откако настрешницата на главната железничка станица паднала, при што загинаа Васко и уште 13 лица.

Саздовски работел како научник во локалниот институт „Биосенс“, објави „Политика“. Директорот на овој институт, Владимир Црнојевиќ ја потврдил веста.

Саздовски имал научна кариера, работел во „Биосенс“ повеќе од една година, а речиси секој викенд се враќал во Македонија. Токму вчера тргнал да се враќа кон Македонија.

„Биосенс“ е истражувачко-развоен институт за информатички технологии на биосистемот. Основан во 2015 година, истражува иновативна примена на ИТ во земјоделството.