Балкан

Закана за бомба на аеродромот во Сараево, вработените и патниците се евакуирани

Закана за бомба на аеродромот во Сараево, вработените и патниците се евакуирани

Меѓународниот аеродром во Сараево беше блокиран утринава поради дојава за бомба, соопшти телевизијата N1.

Пријавата се однесува на експлозивна направа поставена во зградата на аеродромот, поради што пристапот е целосно ограничен.

Влезот во терминалот во моментов не е дозволен, а патниците и вработените се евакуирани.

Во меѓувреме, информациите за пристигнувањата и заминувањата на летовите, кои вообичаено редовно се ажурираат, не се достапни на официјалната веб-страница на аеродромот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни