Закинтос повторно го стресе земјотрес

Земјотрес со јачина од 4.1 степен според рихтеровата скала, е регистриран денеска во 19:41 часот во близината на островот Закинтос.

Земјотресот е регистриран 231 километар западно од Атина, однсоно на само 21 километар од Закинтос, на длабочина од 2 километри.

Закинтос во текот на изминатите месеци го погодија серија на земјотреси, а еден од нив придонесе да има оштетувања на неколку куќи и пристаништа на островот кој е популарна летна дестинација меѓу Македонците.

Извор: ТВ21