Законот стапи во сила – за два дена затворени 4.300 обложувалници

Законот стапи во сила, во Албанија за два дена затворени повеќе од 4.300 спортски обложувалници. Со законот се забранува оваа дејност во населените места и ја нарушува социјалната сигурност на граѓаните. Забраната исто така се однесува и на онлајн кладење и коцкање.

Елитните хотели со пет ѕвезди кои се наоѓаат надвор од урбаните подрачја ќе може да ги нудат овие услуги. Премиерот на Албанија, Еди Рада поради овој закон беше под притисок на сопствениците на кладилниците, но законот се донесе и веќе од вечера е на сила.

Читај исто така:

200 милиони евра граѓаните потрошиле на обложување, ќе го следи ли Владата примерот на Албанија?

Извор: ТВ21