Законот за обвинителство доби 74 гласа, Џафери го поништи гласањето

Само што започна седницата, спикерот Талат Џафери го стави Законот за јавно обвинителство на гласање, но потоа го поништи гласањето, бидејќи Лилјана Поповска била пријавена за процедурално.

Се вчитува...

На поништеното гласање имаше 74 гласа за и 32 гласа против. Откако ќе поминат процедуралните обраќања, треба да се премине на повторно гласање.

Џафери побара и службите да го проверат системот за гласање, бидејќи дел од гласовите не биле регистрирани.

Извор: Сител телевизија