Започна најголемиот фестивал на хаус и техно музика Tomorrowland

Во Белгија започна најголемиот фестивал на хаус и техно музика Tomorrowland.

Уште пред почетокот на фестивалската програма, забавата започна во возовите за Антверпен.

Десетици илјади обожаватели се собираат во периферијата на градот за да присуствуваат на еден од најспектакуларните музички настани во светот.

Концертите почнуваат вечерва и ќе траат до 30 јули.

Покрај традиционалните учесници како Тиесто и Армин ван Бурен, на сцената последната вечер ќе се појави и Кети Пери.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното