Започна протестот пред Влада на иницијативата „Кој е следен?“

Протестот на иницијативата „Кој е следен?“ пред Владата започна точно во 18:00 часот.

Со соопштение во кое граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ јавно им се извини на сите граѓани што во изминативе 35 години изгради систем кој свирепо ги убива децата денес повикаа на протестот пред Владата.

„Граѓанската иницијатива ‘Кој е следен’ јавно им се извинува на сите граѓани што во изминатите 35 години изгради систем кој свирепо ги убива своите деца, ги загадува нашите градови и ја осиромашува нашата држава. Воедно, се извинуваме и за сите системски неправди кои ние сме ги предизвикале од 8 септември 1991 година, па се до денес“ пишуваат тие.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното