Македонија

Започна средбата Ковачевски-Петков во Рим

Започна средбата Ковачевски-Петков во Рим

Тукушто започна средбата меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков во предвечерието на одбележувањето на 24-ти мај и браќата Св. Кирил и Методиј, јавува специјалниот допсиник на 4NEWS.mk од Италија.

Многу најави изминативе недели дека токму на 24-ти мај двете страни ќе објават напредок во преговорите и кревање на бугарското вето. Но, од бугарска страна во денешните изјави за медиумите немаше голем оптимизам дека тоа може да се случи за време на француското претседателство.

Македонската и бугарска делегација се во Рим но денеска воопшто не се сретнаа заедно, за разлика од минатите години кога заедно дури и се патуваше во Италија.*

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни