Зара Радерфорд тргна на патување – ќе лета 51.000 километри околу светот

19-годишната Зара Радерфорд тргна од градот Кортријк, Белгија на пат со цел да ја исполни својата мисија да стане најмладата жена која со лет ќе го обиколи светот.

Белгија и Велика Британија се првите во одисејата од 51.000 километри, 52 земји и пет континенти.

Таа ќе лета со ултралесен авион „Шарк“ кој што може да крстосува со 300 километри на час.

Инаку, на оваа девојка, летањето не и е непознато, односно може да се каже дека „ѝ е во крвта“ затоа што нејзината мајка , како и татко и се авијатичари.

„Во мигот кога ќе се кренеш од земјата, забораваш на сѐ. Тогаш си само ти и авионот“, изјави Зара пред да полета.

Женскиот рекорд го држи Шаеста Вајз од САД, која сама го прелета светот на 30 години, додека пак машкиот рекорд го држи 18-годишник, што Ратерфорд го смета за полова нееднаквост.

Таа се надева дека нејзината епска мисија ќе заинтересира повеќе жени и девојки околу летањето.

При патувањето, девојката ќе најде сместување кај познаници и поддржувачи ширум светот, а нејзиното враќање во Белгија се очекува за околу три месеци, на почетокот на ноември.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.