Во согласност со временските услови за овој период од годината, потребно е да ги заштитиме нашите миленици.
Една од најважните работи е да ги препознаеме симптомите на топлотен удар со цел да можеме да им ја пружиме негата која им е потребна.
За почеток ова се препораките во жешките денови:
- Вашиот миленик шетајте го во раните утрински часови или доцна во ноќта.
- Доколку вашиот миленик престојува на отворено, обезбедете соодветно место кое ќе биде заштитено од сонце.
- Во ниту едни услови, независно дали е лето или зима, не го оставајте вашиот миленик во затворено возило.
- Избегнувјте прошетки по асфалт бидејќи тоа може да доведе до изгореници на шепите на вашето милениче.
- Често менување на водата за пиење.
Симптомите кои укажуваат на топлотен удар кај кучињата се отежнато и забрзано дишење, зголемен пулс и работа на срцето, мускулна слабост, крвава столица и нагони на повраќање, прекумерно лачење на лигавица од устата и зголемена телесна температура.
Што да преземете доколку вашиот миленик има топлотен удар:
- Веднаш обратете се кај вашиот ветеринар. Доколку не сте во можност потребно е кучето да го однесете затемнета просторија каде нема да има директен контакт со сонцето.
- Поставете ладно-мокра крпа над неговиот врат и глава (и повторувајте ја постапката повеќе пати).
- Доколку сте во можност земете црево со вода и поставете го да тече низ неговиот абдомен.
- Колку што е можно побрзо посетете го вашиот ветеринар.