Застој и во слободата на говорот – ЕК бара реформи во МРТВ и борба против дезинформациите

Во областа на слободата на говорот, Европската комисија смета дека Северна Македонија има одредено ниво на подготвеност и дека досега постигнала ограничен прогрес.

Се вчитува...

„Има мал прогрес бидејќи реформите во ова област не се мрднати од точката нула.“, рече Сефер Тахири.

Остануваат неколку од препораките од минатата година. Меѓу нив се бара:

„Да стане со приоритет реформите во јавниот сервис, обезбедувајќи финансиска стабилност и независност и да завршат именувањата во  Програмскиот совет на јавниот сервис и Советот на медиумскиот регулатор“

Овие две тела се клучни за реформите во медиумите, вели професорот Тахири, но недостигот на политичка волја придонесе да нема никакво движење во изборот на нивните членови, кои се избираат со 2/3 мнозинство во Собрание.

„Без да се направи целосно реформирање и без да имаме независност на регулаторниот орган кој е еден од најрелевантните институции во медиумскиот систем и без да се трансформира целосно радиодифузната служба, која 30 години по демократизацијата и плурализмот продолжува да функционира како државна служба, со матрица од поранешниот систем, ние не можеме да кажеме дека ЕК и меѓународните организации ќе оценат дека има прогрес во демократизацијата на медиумскиот систем.“, вели Тахири.

Другата препорака на ЕК за Северна Македонија е:

„да се зголемат напорите во борбата против дезинформирањето и за создавање на медиумска стабилност“.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, вели дека борбата против лажните вести треба да се продолжи и дека тоа се обидува да го направи „Промедиа.мк“

Има интернет портали кои се креирани за да шират дезинформации. Чадиковски додава дека најчесто лажните вести доаѓаат од центрите на моќ.

Саморегулацијата на медиумите претставува форма преку која треба да се води оваа битка поради тоа што напорите за борба против дезинформациите од надвор може да носи влијание и цензура на медиумите.

Третата препорака на Комисијата за областа на медиумите е Македонија „органите за спроведување на законот и судската власт да обезбедат брзо и ефективно следење на сите случаи за физичко и вербално насилство кон новинарите“.

.

Извор: ТВ21