Двајца судии на Врховниот суд на Иран беа застрелани во саботата во Техеран, а уште еден судија е ранет, јавуваат иранските медиуми, а пренесува Хина.
Како што е соопштено, напаѓачот се самоубил откако отворил оган врз судиите пред Врховниот суд. Иранските медиуми јавуваат дека е ранет и телохранителот на еден од судиите.
Мотивот за атентатот се уште не е познат.
Судските власти ги идентификуваа убиените судии како ајатолахот Мохамад Могисех и Али Разини.
Опозициските веб-страници во минатото тврдеа дека Могисех бил вклучен во судењата на луѓе кои ги опишаа како политички затвореници.