Затворени патишта, температури под нула – студениот бран направи хаос во Грција

Снегот ги затвори патиштата и го наруши сообраќајот. Температурите паднаа под нулата во северна Грција, а локалните медиуми објавија проблеми со снабдување со енергија.

Студениот бран, кој поминува низ Источна Европа, ја зафати и Грција. Во северниот и централниот дел на земјата снежната покривка е околу 1 метар.

Извор: ТВ21