Јутјуберот Богдан Илиќ, кој на јавноста и стана попознат како Бака прасе, денеска доживеа нешто неочекувано.
Сите негови канали на платформата Јутјуб се избришани.
Бака веднаш одговори преку својот Инстаграм профил, наведувајќи дека не знае кој ги исклучил, ниту зошто.
– Само што ми ги избришаа сите канали на Јутјуб. Не знам кој, не знам зошто – напиша Бака прасе и додаде…
– Ќе ве известам ако дознаам нешто – рекол популарниот јутјубер.
Инаку, Богдан Илиќ заработил десетици илјади евра од снимање и преноси во живо на Јутјуб.
Неговите емисии во живо понекогаш биле од хуманитарен карактер, па собраните пари ги донирал во хуманитарни цели.