Грозоморен инцидент се случил во штипскиот затвор, каде 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз 39-годишен затвореник од кавадаречко.
Настанот бил откриен откако жртвата со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип, од каде што веднаш ја алармирале полицијата. Од МВР потврдија дека случајот е пријавен на 30 јуни и дека во координација со јавен обвинител се работи на негово целосно расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.