Затворот Шутка си функционирал повеќе како хотел-промаја, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска истакна дека затворот Скопје си функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор.

„Цениме еднаш за секогаш дека ваквиот начин на злоупотреба на македонските граѓани треба да заврши во рамки на овие институции. Заради тоа што сите услови коишто им биле овозможувани на осудените лица, а тоа согласно Закон не им следувало од типот на приватни посети да бидат изнесувани од осум до десет часа во текот на денот надвор од затворот, со затворско обезбедување, со службени возила, со службено гориво и со прекумерни саати исплатени не од некое приватно правно лице, туку од буџетот на македонските граѓани. Навистина сметам дека треба да остане во заборав за секое едно дејствие коешто е од овој тип треба да има соодветна постапка, на крајот ќе оставеме на судот дали ќе одлучи да изрече и соодветни санкции“, вели Тошковски.

Тој додава дека ќе се делува репресивно за конкретните лица, додека пак ќе делуваат и превентивно за да се упати порака дека неказнивоста останува во заборав.

Како што вели, конечно законот важи еднакво за сите.

Во однос на тоа дали слични работи се случувале и низ другите затвори, министерот вели дека хотел „промаја“ не било само во Затвор Скопје, туку имало и во некои други затвори во земјава.

„Имавме преземено процесни дејствија, односно поднесовме кривична пријава во изминатите неколку месеци и за еден друг затвор којшто беше менаџиран од исто така одредени лица, коишто незаконски постапувале во делот со осудените лица. Така што, ова не е прв случај којшто го работиме од овој тип и за којшто поднесуваме кривични пријави. Верувам дека во иднина ќе следат и други постапки, коишто ќе бидат поврзани со сличен тип на криминалитет“, изјави Тошковски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното