Заврши распитот на таткото на Вања, како и во полиција негира вмешаност во грабнувањето и убиството

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски во основа негира дека е инволвиран во грабнувањето и убиството на неговата ќерка.

Ова стана јасно попладнево откако заврши неговиот распит во Кривичниот суд.

Вчера полицијата и обвинителстово пред медиумите соопштија дека таткото ги споделил информации и детали поврзани со местото и времето во кое ќе се движи Вања кон училиште.