Македонија

Заврши состанокот на комисијата за заразни болести, ова се одлуките…

Комисијата за заразни болести утринава на состанок разговараше за воведување на нови рестрикции во земјава поради заштита од ковид-19.

Според извори на ТВ21, на состанокот е донесена одлука да нема предлози за нови рестриктивни мерки, односно на сила да останат досегашните.

Министерството за здравство вчера објави дека регистрирани се 21 нови случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни