Здравко Чолиќ откри колку заработува

Отсекогаш се шпекулираше околу заработката на најпопуларниот пејач на Балканот, Здравко Чолиќ.

Меѓутоа, тој првпат во јавност прозборе и откри колку заработува денес.

Во текот на целата своја кариера одржа голем број на настапи. Освен со пеење, се занимаваше со компонирање, а на прашањето колку пари заработи претходната година од „Сокој“, организација на музичките автори на Србија, музичката легенда одговори:

„Меѓу 4000 и 5000 динари. Повеќе добивам за изведувчки права отколку за авторски права. Како изведувач присутен си секаде, а како автор другите повеќе заработуваат од тебе“, изјави Чола за „Новости“.

Инаку, поради големиот интерес на македонската публика, закажан е и втор концерт на Здравко Чолиќ во Скопје, на 17 ноември. Првиот, е една недела пред него, на 10 ноември, во ВИП Арената “Борис Трајковски“.

Чола во Скопје ќе го промовира актуелниот албум „Ono malo sreće“, а публиката ќе ужива и во старите хитови. Вчера, на неговиот јутјуб канал е промовиран нов спот за една од песните од албумот, „Ničeg nije bilo između nas“.

Здравко до сега неколку пати ја има наполнето ВИП Арената и Градскиот стадион, и има настапувано на многу манифестации на отворено. Рекордна посетеност имаше неговиот настап на Плоштадот Македонија во 2009 година, кога се славеше укинувањето на визниот режим кон ЕУ, а на концертот дојдоа повеќе од 100.000 луѓе. Ова е првпат да одржи два концерти во салата „Борис Трајковски“.

Билетите се во продажба преку мрежата на www.kupikartizase.com “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2. Концертите ги организира Прагма продукција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното