Здружението на приватни гинеколози и акушери на Македонија јавно реагира во врска со актуелните состојби поврзани со формалниот статус на давање на здравствени услуги во нашите Приватни Здравствени Установии можностите за користење на овие здравствени услуги од нашите пациенти.
„Матичните гинеколози со години го одржуваат системот на примарна гинеколошкаи акушерсказаштита врз основа на договор со Фондот за Здравствено Осигурување кој што е во сила повеќе од 20 годиниине содржи јасно и прецизно дефинирани услуги кои се покриени од Фондоти истиот не го следи техничко технолошкиот и научен прогрес. Видот на услуги кои пациентката треба да ги добие во примарната здравствена заштита произлегуваат од Упатствата кои ги изготвува Министерство за здравство врз основа на научни стандарди и нормативинаречени медицина базирана на докази. Јасно дефинираните здравствени услуги кои треба да им се обезбедат на пациентките во примарната здравствена заштита овозможува и јасно дефинирање на услугите опфатени со капитацијата (за која пациентките плаќаат здравствено осигурување) и отстранување на сите дилеми како кај здравствените работници така и кај пациентките како приматели на тие услуги. Актуелно постојат Упатства за антенатална заштита кои се формално објавени во Службен Весник на Република Македонија, акои во пружањето на примарна здравствена заштита од низапричини тешко се спроведуваат.(недефинирани стандарди за број на потребни прегледи,индикација за прегледите,прегледи на барање на пациентка,медиумска промоција на бесплатни прегледи кај матичните гинеколози и сл.)
Оваа правна и договорна нејаснотија со години создава различни толкувања и ја става одговорноста неправедно врз лекарите кои работат согласно постоечкиот договор и во интерес на здравјето на пациентките.
Со оглед на се подлабоката криза и состојби во кои ниту ние давателите на здравствени услуги ниту нашите пациентки имаме јасна слика за правата и обврските испративме барање до двете, за нас пристојни, партнерски институции : Министерство за Здравство преку своите надлежности да доизготви Клинички упатства (кои меѓудругото ќе значат и системско подигнување на стандардот за пружањепримарна здравствена заштита на ниво до Европскиот) и до Фондот за Здравствено Осигурувањеза ревидирање на постоечкиот договор со имплементација на сет на услуги според Упатствата од Министерство за Здравство.
Нашата цел е воспоставување на јасен,транспарентен и одржлив систем во интерес на пациентите и примарното здравство воопшто, поради што остануваме на барањето за итно отварање на дијалог за ревидирање на договорот со јасно дефинирање на здравствените услуги во интерес на женското здравје.
Доколку оваа наша јавна реакција не резултира со конкретни мерки ќе бидеме приморани во согласност со Уставот на Република Македонија да ги искористиме сите дозволени форми на јавно изразување незадоволство“, велат од таму.
