Македонија

Зекири: На седниците ќе се расправа за актуелната политичка состојба

Мухамед Зекири вечерва во изјава за медиумите истакна дека на седниците на Извршниот и Централниот одбор ќе се расправа за актуелната политичка состојба.

Тој додава дека претседателот ќе ги информира за тоа до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициони партнери.

„И секако ќе се отвори дебата во однос на неговата оставка“, вели Зекири.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни