Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
4NEWS.mk

Зекири: Политичките лидери се плашат од отворени листи – само Заев не се плаши

Политичките лидери се плашат од отворени листи поради можноста некој од кандидатите да има повеќе гласови од нив на изборите, вели Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири за Детектор, додавајќи дека за разлика од останатите лидери, неговиот, Заев, не бил исплашен.

„Отворените листи апсолутно се решение а од тоа се плашат политичките лидери на некои политички партии. Затоа што може да се случи лидерот да добие помалку гласови од некој што граѓаните го преферираат повеќе. После тоа лидерот може да има проблем во партијата. Ние немаме таков проблем. Нашиот лидер, претседател на партијата заедно со сите нас, сакаме да има отворени листи и не се плашиме од тоа дека некој ќе добие помалку гласови или нема да добие, граѓаните ќе решат за тоа. Кај нив ја оставаш топката и тие ќе решат кој ќе добие повеќе а кој помалку гласови“ – вели Зекири.

Една изборна единица и отворени листи е еден од предлозите кои актуелната власт го вети во својата предизборна програма за изборите во 2016 година.
Неодамна, група помали партии поддржани од Претседателот Стево Пендаровски повторно, како и пред секои избори ја отворија дебатата за менување на изборниот модел и воведување на изборните листи.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни