Зеленски бара нуклеарно оружје доколку Украина не стане членка на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ако Украина не стане членка на НАТО, ќе и треба друг начин да се брани од Русија во иднина, сугерирајќи дека треба да добие нуклеарно оружје кога ќе заврши војната со Москва.

Според него, тоа може да ја одврати Русија од повторно инвазија на Украина, пишува бриселскиот портал Политико.

Како што рече Зеленски, ако процесот на добивање членство во НАТО се пролонгира со години или децении, тогаш се поставува прашањето што може да ја брани Украина во тоа време.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното