Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Свет

Зеленски: Четири милиони Украинци се погодени со прекини на струјата по руските напади врз енергетските капацитети

Зеленски: Четири милиони Украинци се погодени со прекини на струјата по руските напади врз енергетските капацитети

Речиси четири милиони луѓе се погодени од прекините на електричната енергија наметнати по неодамнешните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Во многу градови и области на нашата земја воведени се прекини на струја со цел да се стабилизира состојбата, рече украинскиот претседател во своето редовно ноќно обраќање до сонародниците.

„Речиси четири милиони Украинци во моментов се соочуваат со овие ограничувања”, додаде тој.

Украинскиот приватен оператор ДТЕК денеска соопшти дека се планираат невидени рестрикции на електричната енергија во регионот на Киев поради големите штети што му се нанесени на украинскиот енергетски систем во неодамнешните руски удари.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни