Германија ги исполни договорите за зајакнување на украинскиот систем за воздушна одбрана со противвоздушни ракетни системи „Патриот“, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ја зајакнавме компонентата „Патриот“ во нашата украинска воздушна одбрана. Им се заблагодарувам на Германија и на канцеларот Фридрих Мерц лично за овој наш заеднички чекор во заштитата на животите од рускиот терор. Веќе некое време го подготвуваме ова зајакнување на воздушната одбрана, а сега постигнатите договори се спроведени“, рече Зеленски во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Зеленски нагласи дека воздушните напади се главниот адут на рускиот претседател Владимир Путин во војната против Украина.
Зеленски: Германија ги исполни договорите за зајакнување на украинската воздушна одбрана со системите „Патриот“