Свет

Зеленски им го честиташе Денот на единството на Украинците: „Уверен сум во нашата победа“

Зеленски им го честиташе Денот на единството на Украинците: „Уверен сум во нашата победа“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го честиташе Денот на единството на своите сонародници, порачувајќи им дека е уверен во победата и ослободувањето на цела Украина.

Рускиот напад на 24 февруари го поттикна „оживувањето на нашето украинско единство“, рече претседателот во емотивна видео порака.

Денес, милиони Украинци стојат заедно во одбрана на својата татковина, рече Зеленски, споменувајќи ги историските места во различни региони на Украина.

„Ќе победиме заедно“

„Секој регион го штити другиот“, рече тој. „И сите заедно го браниме Киев. И сите заедно го браниме Харков. И сите заедно го ослободуваме Херсон. И ќе победиме. Заедно. И цела Украина ќе ги слуша звуците на победата“, рече украинскиот претседател. .

Тој повтори дека цела Украина ќе биде ослободена, вклучувајќи го и Крим, кој беше незаконски анектиран од Москва во 2014 година.

На 22 јануари Украина го слави Денот на единството по повод прогласувањето на обединување меѓу Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република во 1919 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни