Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа пред само неколку моменти по жестокиот разговор со претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс пред медиумите во Овалната соба.
Тој замина без да го потпише договорот за минерали и без да ја одржи заедничката прес-конференција со Трамп, како што беше претходно планирано.
Тој не зборуваше за медиумите пред да замине со својата поворка.