Зеленски: Ќе го вратиме украинското знаме на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повторно изјави дека Украина ќе го врати Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. „Тоа е нашата земја, нашиот народ, нашата историја“, рече Зеленски во денешното соопштение за медиумите.

„Со враќањето на Крим, мирот ќе се врати во Украина“, рече тој, а потоа додаде: „Ќе го вратиме украинското знаме на секој агол на Украина“.

Во 2020 година, Зеленски го прогласи 26 февруари за Ден на отпорот на руската окупација на Крим.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното