Зеленски: Ќе ја поддржам средбата меѓу Трамп и Путин под услов таа да обезбеди прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина ќе ја поддржи средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Унгарија, под еден услов, а тоа е да се постигне договор за прекин на огнот и крај на војната.

Тој рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој денес разговараше со Трамп во Белата куќа, „сака да го донесе Трамп во Унгарија за да се сретне со рускиот диктатор“.

„Вие ја знаете нашата позиција. Доколку има средба што дефинитивно ќе обезбеди прекин на огнот и крај на војната, Украина ќе поддржи одредени формати“, рече Зеленски, пренесува порталот РБК Украина.