Зеленски: Неутралноста на Израел е виновна за сојузот меѓу Русија и Иран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше неутралноста што ја покажа Израел по руската инвазија на неговата земја, што, според него, резултираше со „сојуз“ меѓу Москва и Техеран, манифестиран преку испорака на ирански беспилотни летала на руската армија.

„Таков сојуз едноставно не би постоел доколку вашите политичари ја донеле вистинската одлука во тоа време.

Тој смета дека ваквото приближување меѓу Москва и Техеран е овозможено со „израелската одлука да не се меша со Кремљ“ во 2014 година по руската анексија на Крим. Зеленски рече дека верува оти целта на ваквата одлука е да се зачуваат добрите односи меѓу двете земји.

Украинскиот претседател ова го изјави неколку дена пред парламентарните избори во Израел со неизвесен исход. Тие се закажани за 1 ноември.

Претходно во понеделникот израелскиот министер за одбрана Бени Ганц разговараше со својот украински колега Олексеј Резников и рече дека Израел нема да испорачува оружје на Украина. Ова се случи два дена откако Москва го предупреди Израел дека не треба да го снабдува Киев со своето оружје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното