Свет

Зеленски: Подготвен сум за секаков формат на средба со Путин, но Москва одложува

Зеленски: Подготвен сум за секаков формат на средба со Путин, но Москва одложува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за секаков формат на средба со рускиот лидер Владимир Путин, но дека, како што оцени, „Москва повторно се обидува да одложи сè“.

Во телефонски разговор со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Зеленски ги повика земјите од Глобалниот Југ да апелираат до Русија да започне мировни преговори.

„Важно е глобалниот Југ да испрати соодветни сигнали и да ја охрабри Русија на мир“, напиша Зеленски на платформата X, по телефонскиот разговор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни