Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот колега Владимир Путин дека ја зголемува својата воена моќ за да ја продолжи војната против Украина и другите земји, јави ДПА.
„Извештаите на разузнавањето потврдуваат дека Русија формира нови дивизии и подготвува нови воено производствени капацитети“, рече Зеленски во екс.
„Нивната соработка со Северна Кореја ќе продолжи да се проширува. Москва, исто така, дистрибуира модерна воена технологија во регионот, особено технологија за беспилотни летала“, додаде тој.
„Ова значи една едноставна работа – Путин не се подготвува за преговори, не за мир, туку за продолжување на војната – и не само против Украина“, предупредува Зеленски.
„Тие во моментов ја зголемуваат својата војска за над сто илјади војници.
Сите земји во Европа мора да ја зајакнат одбраната, нагласи украинскиот претседател.
Не е јасно на кои информации се повикува Зеленски за трупањето руски војници. Тој рече дека Украина е подготвена да ги сподели своите податоци и додаде дека Киев веќе остварува контакти со своите партнери користејќи разузнавачки канали.
Русија речиси три години води војна против соседна Украина, потсетува ДПА.